ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: АКО СИ ВО ДРЖАВЕН КАРАНТИН И САКАШ ДА ОДИШ ВО ДОМАШНА ИЗОЛАЦИЈА САМ СИ ГО ПЛАЌАШ ТЕСТОТ

Владата попладнево на седница усвои протокол за постапување при влез на сите македонски државјани во земјава, согласно кој задолжителен државен карантин за наши државјани кои од странство се враќаат со хуманитарни летови или конвои се заменува со домашна изолација доколку при влегување на територијата на нашата држава приложат негативен ПСР-тест на КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат во земјава.

Од денеска сите лица кои се спроведени во објекти за државен карантин на свој трошок може да направат ПСР-тест во објектот каде што се сместени и доколку резултатот е негативен да бидат упатени во домашна изолација.