ЕЛИТАТА И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА ЗА СОБИРИ ЌЕ СОСТАНЧИ ЗА ИДНИНАТА НА МАКБАСКЕТОТ!

Претставниците на кошаркарските прволигаши задутре одржат итен состанок на кој ќе разговараат за иднината на Првата лига и тоа без да ја прекршат забраната на Владата за поголеми собири како дел од мерката за спречување на ширењетп на коронавирусот.

Напредната технологија е причината што клубовите и челниците на КФМ ќе го „надмудрат“ вирусот кој го парализира целиот светски спорт и поради кој „виси“ доигрувањето на шампионатот, кој е прекинат на едно коло до крајот на првата фаза односно пред почетокот на Суперлигата. Состанокот ќе се одржи преку апликацијата „Скајп“, која на предводниците на прволигашите ќе им овозможи да дебатираат за тоа „што би било кога би било“, односно за верзиите кога би се создале услови за продолжување и кога првенството би морало целосно да биде прекинато без воопшто да го напуштат својот дом.

Во моментов МЗТ Скопје е прв на табелата со скор 14-3, следуваат Работнички и Гостивар со по 12-5, Кожув и Еуро Никел имаат по 11-6 додека суперлигашкиот круг го затвора Куманово со 10-7. Неизвесно е и на дното каде што веќе се знаат четирите екипи кои би играле во Плејаутот, каде што Пелистер со 8-9 веќе има изборено опстанок, а МЗТ Скопје УНИ Банка со 0-17 е убедливо последен. Главната битка за опстанок би била помеѓу Академија ФМП со 4-13 и Вардар со 3-14.

Меѓу прашањата кои ќе се дискутираат на овој состанок ќе биде и завршницата од Купот на Македонија, односно дали таа воопшто ќе може да се одигра или годинава ќе биде прва во историјата во која нема да има победник во ова натпреварување.

Извор: Спорт1



Слични Објави