ФОНДОТ НА ПИОСМ НЕМА ДА ВРШИ ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕДИ ДО 24 МАРТ

//

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ги известува граѓаните дека поради мерките за спречување на појава, рано откривање, спречување на ширење и инфекција со коронавирус, Инвалидската комисија на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, нема да врши лекарски прегледи до 24 март 2020 година.

За продолжување со работа на Инвалидските комисии, граѓаните навреме ќе бидат информирани.



Исто така, Ве информираме дека граѓаните ќе можат да ги достават своите барања за остварување на законските права преку електронска апликација, како и на шалтерите на Фондот на ПИОСМ.

Претходна статија

ЕЛИТАТА И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА ЗА СОБИРИ ЌЕ СОСТАНЧИ ЗА ИДНИНАТА НА МАКБАСКЕТОТ!

Следна статија

ЕУ ЌЕ ИЗВЕЗУВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА НА БАЛКАНОТ СО ПОСЕБНА ДОЗВОЛА

Најново од Вести