АКО ИМА НАПРЕДОК ЗА СЈО МОЖНО Е ОДРЖУВАЊЕ ЛИДЕРСКА СРЕДБА
Премиерот Зоран Заев денеска ќе ги слушне најновите информации околу постигнувањата на работните групи за новиот закон за јавно обвинителство. Како што кажа Заев, ако има напредок во преговорите, би можело да биде одржана и лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Ако се случат одредени исчекори во делот на преговарањето, ние, лидерите на двете политички партии, би оствариле лидерска средба за конeчно заокружување на законот. Сакаме да постигнеме консензус и за овој закон. Овде имаме и политички одлуки кои треба да ги донесеме, затоа и ќе треба лидерска средба за законот за јавно обвинителство, изјави Заев.