Куртелов: Нападот врз Перев е резултат од сатанизацијата на Бугарија во Македонија
Докажана формула е кога во сопствената држава имаш нерешливи проблеми, да го насочиш вниманието на народот кон надворешниот непријател. Во моменталниот период тоа е Бугарија. Таа е виновна за сите беди во Македонија. Со овие зборови Љупчо Куртелов, општественик и претседател на здружението „Хоризонти“ во Охрид, го коментира физичкиот напад врз македонскиот Бугарин, Владимир Перев, пишува БГНЕС.
„Сведоци сме како во сите провмровски медиуми Бугарија се сатанизира. Таквите инциденти се одраз на таа политика. Имено поради таа политичка атмосфера на пописот како Бугари се декларираа едвај 3504 граѓани (макар и тоа да е сомнително, податоците може да се „чепнати“). Луѓето се исплашени!“
