МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ СО ПАМЕТНИ ИДЕИ ЗА КАНЦЕРОГЕНО БРАШНО БАРАЛ ЗАТВОРАЊЕ НА ДУЌАНИ ВО СТРУМИЦА

Вести Истакнато Македонија

На два дена пред изборите на 1 јуни во 2011 година, Миле Јанакиески ги ангажирал сите инспекциски служби да затворат пет дуќани во Циганското мало во Струмица, бидејќи биле полни со брашно и масло, со кој наводно СДСМ ќе купувало гласови, јавува Фокус. Според разговорите што се слушнаа денеска во судница станува јасно дека Јанакиески барал инспекторите да не ги напуштаат објектите, додека не се најде решение за проблемот. Во еден од разговорите негова соговорничка вели дека и да ги затворат дуќаните, брашното и маслото пак ќе се делело, тогаш Јанакиески побарал да се смисли нешто и предложил да се пушти во оптек тврдењето дека брашното, што наводно требало да биде искористено како подкуп е канцерогено.