|

Руте: На Путин не може да му се верува

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека потенцијалниот мировен договор во Украина мора да биде формулиран на таков начин што неговото почитување ќе биде во интерес на самата Русија, бидејќи, како што тврди тој, рускиот претседател Владимир Путин „не е сигурен партнер“. Пораките на Руте ги пренесува германскиот „RND“.

Тој нагласи дека Западот мора да се погрижи Москва „никогаш повеќе да не се охрабри да нападне“, бидејќи, според него, последиците за Русија во тој случај би биле „катастрофални“. Покрај тоа, генералниот секретар на НАТО наведе можна временска рамка за завршување на војната, но не ги прецизираше деталите.

Руте ја повтори тезата дека „на Путин не треба да му се верува“ и дека се потребни повеќе гаранции и посилни механизми за да има трајна вредност секој договор.

Слични Објави