СРЕДБА НА ЗMНР ЖЕРНОВСКИ СО ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОБСЕ/ОДИХР

//

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, на 6 август 2018 година, оствари средба со претставници на ОДИХР, кои ја сочинуваат мисијата за проценка на потребите за испраќање на набљудувачка мисијата на ОБСЕ/ ОДИХР на претстојниот референдум во Македонија, на 30-ти септември 2018 година.

ЗМНР Жерновски ја поздрави посетата на тимот на ОДИХР и информираше за вкупната политичка ситуација во земјата околу донесувањето на одлуката на Собранието за одржување на Референдумот. Ја истакна важноста која ја има на Референдумот за иднината на граѓаните и државата во однос на највисоките надворешно- политичките приоритети на земјата, членството во НАТО и започнувањето на пристапните преговори на Република Македонија со ЕУ. ЗМНР Жерновски подвлече дека Владата на Македонија дава огромно значење за неговото успешно реализирање, со што се овозможува преку највисокиот демократски чин за изразување на политичката волја, сите граѓани да имаат можност да го искажат својот став за овие суштествени прашања за иднината на земјата. Изрази очекување за силен одзив на Референдумот и дека сите политички чинители ќе го почитуваат резултатот од истиот. Запозна и со преземените чекори во подготовката на Референдумот од аспект на институционалната поставеност и обврските на секоја од релевантните институции во процесот.



Претставниците на ОДИХР рекоа дека нивната посета е појдовниот чекор во процената на потребите во поглед на видот и големината на евентуалната набљудувачка мисија за Референдумот. Информираа дека ОБСЕ/ОДИХР врши набљудување на плебисцитарното изјаснување во земји учеснички на ОБСЕ, во одредени случаи. Информираа дека во извештајот кој што ќе го подготват после посетата и остварени состаноци во Македонија, ќе бидат вклучени сите аспекти и информации кои ќе послужат во одлучувањето за испраќање на соодветна набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за Референдумот.



Претходна статија

ВМРО: СПАСОВСКИ ЧЕТИРИ ДЕНА КРИЕ ШТО БАРА СЛУЖБЕНИОТ ПОЛИЦИСКИ ЏИП НА ПЛАЖА ВО КАМПОТ ЕВРИДИКИ

Следна статија

ЧКАТРОСКИ: ЕУ НЕ САКА ДА ИМА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да