ДАЛИ ЗНАЕШ ШТО ИЗГУБИ КОГА РЕЧЕ ЗБОГУМ?

Изгуби најдобар пријател, жена на која можеше да се потпреш секогаш, која можеше да те бакне таму кај што те боли и да те охрабри да продолжиш понатаму. Изгуби жена со која можеше да се истепа со тебе со перниците од креветот и да ти свари чај кога ќе те фати грозница. Жена која секогаш те бодреше да веруваш во своите соништа, бидејќи додека ти сонуваше таа цврсто веруваше во нив.

Изгуби еден сонувач за кој ни еден сон не е невозможен. Жена на која можеше да ја наслониш главата кога си уморен, жена која е покрај тебе во крв и солзи. Изгуби жена која никогаш не би те напуштила…

Одлична љубовница, онаа која цврсто те гушкаше кога душата те болеше, онаа која со истата сила те гушка и кога ќе направиш некоја глупава грешка. Жена која е нежна и страствена, полна со љубов и разбирање и онаа која слушаше секогаш кога ти имаше потреба од разговор…

Изгуби партнер кој стоеше рамо до рамо со тебе и кога ќе се појавеше твојата мрачна страна. Изгуби партнер кој ти го подари целиот свој свет и време, кој никогаш не те изневери, кој не ти заврти грб и кога ќе кажеше збогум остануваше верен. Партнер кој за никој и ништо не би те напуштил на овој свет.
Изгуби најдобар пријател, љубовник, сонувач, партнер, изгуби некој кој те сака, посакува и сонува наместо тебе. И …
Сето ова можев да му бидам и на некој друг, но ти бев само тебе…

Автор: Фросина Китановска



Слични Објави