Пресуда за Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“
Во Кривичниот суд во Скопје судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ ќе му изрече пресуда на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“.
За случајот се постапува вторпат бидејќи Европскиот суд за човекови права пред две години пресуди дека на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, му биле прекршени правата на фер судење по обвинувањето за нелегално финансирање на неговата партија Обединети за Македонија. Новото судење беше по барање на Бошкоски како обвинет.
Бошкоски беше уапсен на 6 јуни 2011 година, ден по парламентарните избори, пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања. Во 2014 тој беше осуден на пет години затвор. Во 2016 година тој излезе од затворот во Идризово, каде што ја издржуваше казната.
