(Видео) Воената академија „Георги Раковски“ формира Клуб за воена историја за младите воени специјалисти
Советот на слушателите, студентите и докторантите при Воената академија „Георги Раковски“ формира нов Клуб за воена историја, чија цел е да ги обедини младите воени стручњаци со интерес кон военото наследство и да го продлабочи нивното познавање на клучните историски настани, личности и стратегии што ја обликувале бугарската и светската воена историја, јавува Информативниот центар на Министерството на одбрана на Бугарија.
Прв својот потпис на повелбата за основање го стави началникот на Академијата, генерал-мајор Стајко Прокопиев, кој воедно беше одликуван со сертификат за заслуги во поставувањето на темелите на новиот клуб.
Клубот ќе работи на поттикнување научноистражувачки активности, организирање предавања, дискусии и тематски настани поврзани со воената историја. Иницијативата има за цел да го стимулира критичкото мислење и да ги развива аналитичките способности на идните воени професионалци.
По официјалното формирање, клубот избра претседател и Управен одбор, а првите научни предавања ги одржаа Асен Павлов, истражувач од БАН и автор на книгата „Бојните знамиња на бугарската армија“ (1876–1881), и доцент д-р Стојан Николов, раководител на научната секција „Военоисториски истражувања“ при Воената академија.
