ПРЕДЛОГ НА АЛБАНСКАТА ВЛАДА: ДРЖАВЈАНСТВА ЗА СИТЕ АЛБАНЦИ ПО РОД
Албанската Влада на последната седница го усвои предлог законот за државјанство, кој содржи неколку суштински измени, каква што е вметната во член 6 и со која се предвидува „стекнувањето на државјанство врз основа на потекло“. Со ова се овозможува на Албанците кои живеат надвор од територијата на албанската држава, како во соседните земји и во дијаспората, да добијат албанско државјанство, јавува НОВАТВ.
„Странец ќе може да добие албанското државјанство ако неговите предци имале албанско потекло и под услов да докаже семејната врска во директна линија до трето колено на барателот со предците. Потребната документација со која се докажува албанското потекло на барателот се утврдува со упатство на министерот“, е наведено во член 6 од предлог законот.

