| |

Интересот за стартните пакети со бугарски евро-монети не стивнува

Интересот за стартните пакети со бугарски евро-монети не стивнува. Вонредно, денес вакви пакети се продаваа на шалтерите на БНБ. Од утрото граѓаните трпеливо чекаа да купат пакетчиња со 42 евро-монети во вредност од 10 евра и 23 центи, односно точно 20 лева. Такви пакети се продаваат и во поштенските филијали низ земјата, како и во трговските банки, каде што правните лица можат да купуваат и поголеми пакети во вредност од 200 лева.

„Сакам да купам два комплета, да ѝ ги подарам на мојата внука, како генерација што протестираше во 1990 година, да покажам докаде стигнавме и да се надевам дека ќе продолжиме по овој пат кон Европа и кон нормалните вредности. Јас ги земам повеќе како вредност, како една нова етапа во развојот на Бугарија“, вели Сесилиja Рашева пред камерата на БНТ.



Слични Објави