Радев: Божик да донесе здравје, топлина и надеж за подобра иднина
Бугарскиот претседател Румен Радев упати божикна честитка до граѓаните, во која им посака здравје, топлина и надеж за подобра иднина во секое бугарско семејство и во секој бугарски дом.
Во честитката, објавена по повод Божик, Радев наведува дека со зачувувањето на традициите, заветите и трајните вредности на предците, низ вековите се пренесува духовното единство на бугарскиот народ. Тој истакнува дека со вера во доброто и со заемна поддршка може да се надмине секое искушение на времето и општеството да биде посилно.
Претседателот им посака на граѓаните светли и благословени празници.
