Граѓански здруженија на македонски Бугари со реакции на осуда по вандалскиот напад врз зградата на Амбасадата на Бугарија во Скопје
Граѓански здруженија на македонски Бугари од РС Македонија изразија длабока загриженост и најостра осуда по вандалскиот напад врз зградата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, што се случи вчера (11 јануари).
Според поранешниот културен клуб „КЦ Иван Михајлов“ од Битола, нападот е директна последица на долги години неказнуваниот говор на омраза, двојни стандарди и институционално молчење кога жртви се Бугарите во Северна Македонија. Од Центарот посочуваат дека со повеќе од три децении се поттикнува системска омраза кон сè што е бугарско – историјата, идентитетот, јазикот и правото на здружување. Истовремено, кога Бугари се напаѓани, судени, прогонувани, навредувани, заплашувани или дискриминирани, реакцијата, како што наведуваат, најчесто изостанува или се сведува на оправдувања и молчење, додека кон други заедници се применуваат поинакви стандарди.
Од Центарот нагласуваат дека одговорноста не е само кај директните извршители, туку и кај институциите и политичките кругови кои со години ја толерираат омразата. „Некажнивоста создава криминалци, а молчењето го охрабрува насилството“, се наведува во нивната реакција. Нападот врз амбасадата, според нив, претставува удар врз меѓународното право, европските вредности и идејата за добрососедство.
Културниот центар „Иван Михајлов“ бара надлежните институции во Северна Македонија веднаш да ги идентификуваат и казнат извршителите и да ја прекинат практиката на толерирање на антибугарската омраза, предупредувајќи дека секое одложување или формално постапување ќе биде доказ дека проблемот е системски, а не изолиран инцидент. Од Центарот порачуваат дека нема да молчат и дека нема да дозволат стравот и омразата да ја одредуваат нивната иднина.
Слична порака упати и Здружението „Балкански Мост“ од Битола, кое што најостро го осуди секој облик на насилство и закани насочени кон дипломатски претставништва, кои ги оцени како симбол на дијалогот, соработката и меѓусебното почитување меѓу државите. Здружението изрази целосна солидарност и поддршка до Амбасадата на Република Бугарија, нејзиниот дипломатски кадар и вработените.
Од „Балкански Мост“ потенцираат дека ваквите настани не смеат да ја нарушат идејата за добрососедство, мир и европски вредности и нагласуваат дека остануваат посветени на градење мостови на пријателство, разбирање и културна соработка меѓу државите. Тие оценуваат дека нападот е израз на немоќ и предупредуваат дека со вакви методи проблемите не можат да се решаваат.
Во реакцијата се изразува надеж дека институциите брзо ќе го расчистат случајот и ќе го пронајдат виновникот, со забелешка дека јавноста очекува овој случај да не заврши како нерасчистен инцидент, како што било во претходни слични настани.
„Нападот е израз на немоќ. Ако на ваков начин сакаме да ги решаваме проблемите, нема далеку да стигнеме. Се надевам дека инстутициите брзо ќе го решат случајот и ќе го пронајдат виновникот. Ако сакаат? Да не биде како нападот врз Перев, дека сам паднал. Дали е случајно или не, ова се случува токму на денот кога се оддава почит на Мара Бунева по повод нејзината саможртва. Колку и да сакате да заборавите и негирате, таа сепак убила “ србски џандар” и животот го дала за Македонија“, напиша на својот Facebook профил Добре Митрев, прв човек на граѓанското здружение „Балкански коридор“ од Кавадарци.

