| |

МНР: Го осудуваме инцидентотот, во кој непознато лице скрши стакло на објектот во кој што е сместена Амбасадата на Република Бугарија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува инцидентот што се случи денес, во кој непознато лице скрши стакло на објектот во кој е сместена Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија.

Ваквите поединечни акти на вандализам се неприфатливи и се спротивни на принципите на меѓународното право, како и на одредбите од Виенската конвенција за дипломатски односи.

Воедно, информираме дека Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за целосно расчистување на случајот.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна постапка за утврдување на одговорноста, стои во соопштението на Министерството.

Слични Објави