| |

Нова Република: Држава која не гарантира безбедност и владеење на правото за сопствените граѓани, не гарантира безбедност ниту за амбасадите, и обратно

Како партија посветена на слободата, редот и просперитетот на нацијата на Северна Македонија и македонскиот народ, нападот врз една амбасада (во случајот на Бугарија) го сметаме за срам за нас – земјата-домаќин, јавуваат од политичката партија „Нова Република“.

Затоа Министерството за внатрешни работи да одговори на следните прашања:

– Зошто МВР нема известување за настанот, туку за него дознавме од пренесени информации од Бугарската телеграфска агенција?

– Секоја амбасада во Скопје е физички обезбедена од МВР. Во случајов, каква била и имало ли воопшто реакција на полициското обезбедување?

– Спроти амбасадата има камери од системот “Безбеден град”. Дали тие се во функција на истрагата?

Неказнивоста со политичко-партиски мотиви е лоцирана слабост на владеењето на правото во 🇲🇰. Во таа насока, да се потсетиме и дека се уште немаме одговор за тоа кој ја нападна Амбасадата на 🇺🇸 во Скопје 1999.

Затоа, доколку Владата на 🇲🇰 не сака да се идентификува како Влада на Додик во Скопје, МВР веќе утре ќе го лоцира и процесуира напаѓачот и ќе ги добие нашите комплименти.

Во спротивно, ќе остане впечатокот дека станува збор за партиски инструирано дело со цел да ги влоши билатералните односи меѓу 🇲🇰 и 🇧🇬, да ја засили неказнивоста, но и да му потврди на Брисел дека официјално Скопје прави се за да се дистанцира од европските интеграции, стои во соопштението на Нова Република.

Слични Објави