Бугарскиот генерален конзул во Чикаго ја поддржа хуманитарната фондација „Не си сам“
Генералниот конзул на Бугарија во Чикаго, Светослав Станков, ја поддржа фондацијата „Не си сам“, која работи со цел да им помага на стари и крајно загрозени лица од градовите и селата во Бугарија, јавува БТА.
„За мене беше чест и лична одговорност да ја поддржам иницијативата „Не си сам“ – организација која со хуманост и посветеност им помага на стотици стари луѓе, кои често остануваат сами и заборавени“, напиша Станков на својот Фејсбук-профил.
Иницијативата е основана во 2020 година во Перник и досега реализирала осум кампањи и десетици мисии во поддршка на илјадници стари и социјално загрозени лица. Од минатата година нејзината дејност е проширена и во областа Видин.
Покрај материјалната помош, волонтерите им обезбедуваат на луѓето во потреба и време, внимание и емоционална грижа – нешто што, според Станков, е од непроценливо значење за човечкото достоинство.
„Ваквите каузи нè потсетуваат дека силата на едно општество се мери со грижата за најранливите. Среќен сум што можам да бидам дел од оваа солидарност“, истакна тој.

