Започна пријавувањето за Пирин Фолк Сандански 2026
Започна организацијата на 34. издание на фестивалот Пирин Фолк Сандански 2026. Престижниот конкурс за авторска македонска песна и изведувачка уметност ќе се одржи во последната недела од август во Летниот театар во Сандански, јавува Пиринско.
Фестивалската програма вклучува:
– 28 август (петок): Детски Пирин Фолк – 10. јубилејно издание, со натпревар за деца од 8 до 15 години;
– 29 август (сабота): конкурс за изведувачка уметност;
– 30 август (недела): конкурс за авторска македонска песна.
Организатори по единаесетти пат се „Ди Ен Кеј Медиа Груп“ – телевизија Фен Фолк ТВ и Општина Сандански. Тие најавуваат бројни изненадувања за љубителите на македонската песна, а трите фестивалски вечери повторно ќе ја обединат публиката во Сандански и гледачите пред малите екрани.
Од 19 јануари 2026 година официјално започна кампањата за пријавување песни и учесници. Кандидатурите се испраќаат на e-mail: [email protected] или по пошта на адреса: Софија, ж.к. Сердика, ул. Ѓуешево 85, кат 3.
Крајниот рок за пријавување е 19 април 2026 година до 24:00 часот, а селекцијата ќе се одржи на 25 април во Софија.
Сите правила и дополнителни информации за Пирин Фолк 2026 и Детски Пирин Фолк 2026 се објавени на www.pirinfolk.com и www.fenfolktv.bg.
