| |

Голема грчка делегација во посета на Софија на 16 и 17 февруари

Голема делегација од Грција ќе престојува во Софија на 16 и 17 февруари. Посетата ја предводи заменик-министерот за внатрешни работи Константинос Ѓулекас, во рамки на регионална балканска турнеја, јавуваат бугарските медиуми.

Во делегацијата има повеќе од 60 претставници од бизнисот, администрацијата и академските кругови од областите Македонија и Тракија.

Во првиот ден ќе се одржат паралелни тематски средби меѓу грчки и бугарски институции и организации. Вториот ден делегацијата ќе разговара со претставници на грчката заедница што живее и работи во Бугарија.

Според Ѓулекас, целта на посетата е да се промовираат можностите за соработка во бизнис, образование и туризам, како и да се воспостават нови канали на комуникација, партнерства и меморандуми меѓу институциите на двете земји.

Слични Објави