Израелски медиуми: Али Хамнеи е убиен или ранет во нападите врз Иран
Врховниот лидер на Иран ајатолах Али Хамнеи веројатно загинал при израелски удар порано денес, објави телевизијата Channel 12, повикувајќи се на неименувани извори од израелската администрација. Според медиумот има „зголемени индикации“ во таа насока. Официјална потврда на информацијата нема, нагласува „Times of Israel“, пренесува БГНЕС.
Минути претходно Channel 12 објави дека израелската проценка е дека Хамнеи „најмалку е ранет“. Телевизијата подвлече дека заклучокот не се темели на сателитските снимки од уништениот претседателски комплекс, туку на информации од неименувани извори.
Според медиумот Хамнеи се очекува да се обрати во блиска иднина. Според телевизискиот прилог, ако такво обраќање биде емитувано, можно е да е однапред снимено.
Channel 12 дополнува дека денешните удари предизвикале „многу сериозни штети“ врз раководството на иранскиот режим и неговото воено раководство. Државната израелска телевизија „Кан“ соопшти дека „нема контакт“ со Хамнеи и неговата состојба останува непозната.
Со голема веројатност се смета дека се убиени иранскиот министер за одбрана Амир Насирзаде и командантот на Револуционерната гарда Мохамед Пакпур.

