| |

Трамп ги повика Иранците да ја соборат Исламската република: „Америка е со вас“

Претседателот на САД Доналд Трамп ги повика Иранците да се кренат против режимот и да ја соборат Исламската република, ден по заедничката израелско-американска акција при која беше убиен врховниот лидер, пренесува БГНЕС.

„Ги повикувам сите ирански патриоти кои копнеат по слобода да го искористат овој момент, да бидат храбри и одлучни да си ја вратат својата земја. Америка е со вас“, изјави Трамп во видеообраќање.

Американскиот претседател упати и предупредување до безбедносните сили на Иран, откако Пентагон соопшти дека го уништил штабот на елитниот Корпус на гардата на Исламската револуција.

„Уште еднаш ги повикувам Гардата, иранската армија и полицијата да го положат оружјето и да добијат целосен имунитет, или да се соочат со сигурна смрт. Тоа ќе биде сигурна смрт. Нема да биде убаво“, рече тој.

Трамп се закани и дека ќе се одмазди за смртта на тројца американски војници во конфликтот со Иран, признавајќи дека се можни уште жртви.

„За жал, веројатно ќе има уште, пред сето ова да заврши. Но Америка ќе се одмазди за нивната смрт и ќе го нанесе најтешкиот удар врз терористите кои водат војна против, во суштина, цивилизацијата“, изјави американскиот претседател.

Слични Објави