Украина и Романија договорија заедничко производство на дронови
Украина и Романија се договорија да започнат заедничко производство на дронови. Веста ја соопшти романскиот претседател Никушор Дан за време на заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој престојува во посета на Букурешт, пренесува бугарски Фактор.
„Разговаравме за нашата соработка во воената сфера и еден од потпишаните документи се однесува на заедничко производство на дронови во Романија“, истакна Дан, цитиран од Униан.
Во меѓувреме, украинскиот министер за одбрана Михајло Федоров денеска објави дека Украина е првата земја во светот која вклучила меѓународни партнери во обука на модели со вештачка интелигенција за користење дронови, врз основа на реални податоци од бојното поле.
