Бугарија одбележува 22 години членство во НАТО
Членството во НАТО е најсериозната гаранција за националната безбедност и независност на Бугарија, изјави бугарскиот премиер Андреј Ѓуров по повод 22-годишнината од пристапувањето на земјата во Алијансата, соопштија од бугарската Влада.
„Денес, повеќе од кога било, разбираме колку е важно да имаш сојузници. Како дел од најуспешниот одбранбен сојуз во историјата, Бугарија не е сама. Ние сме сигурен сојузник кој ги споделува вредностите на слободата и демократијата“, истакна Ѓуров.
Бугарија официјално стана членка на НАТО на 29 март 2004 година. Во Вашингтон тогашниот премиер Симеон Сакскобургготски го предаде ратификацискиот документ за пристапување на земјата на државниот секретар на САД Колин Пауел, кој го прими во име на САД како депонент на договорот.
Договорот беше ратификуван од бугарскиот парламент на 18 март 2004 година и истиот ден беше објавен во „Државен весник“.
