Дечев: Новиот бугарски пасош е со највисоки стандарди за безбедност
Од денеска започнува издавањето на новите бугарски пасоши, соопшти министерот за внатрешни работи Емил Дечев, јавува БГНЕС.
Тој го отвори новиот Центар за персонализација на бугарските лични документи – проект на Министерството за внатрешни работи започнат во 2022 година. „Денес гледаме позитивен пример како различни влади работеле за постигнување на една важна цел“, изјави Дечев.
Со новиот центар се воведува централизирана персонализација на документите, што овозможува „побезбеден и поефикасен процес“, додека поднесувањето на барањата останува децентрализирано.
Новите документи ги исполнуваат највисоките стандарди за безбедност и машинска читливост, што ќе го олесни движењето на граѓаните и проверката на нивната автентичност.
Дечев потсети дека новата лична карта, воведена во 2024 година, содржи електронски носител со биометриски податоци и овозможува електронска идентификација. Во 2025 година таа беше прогласена за најдобра електронска лична карта на форумот High Security Printing.
„Со оваа чекор Бугарија ја зајакнува безбедноста и се утврдува како сигурен европски партнер“, истакна министерот.

