По изборната победа на Маѓар, олигарси блиски до Орбан префрлаат средства во странство
По убедливата изборна победа на Петер Маѓар, дел од унгарската елита поврзана со Виктор Орбан наводно презема чекори за заштита на своето богатство. Според извори на „Гардијан“, некои префрлаат средства во странство, а други бараат американски визи за работа во структури поврзани со MAGA на Доналд Трамп. Пријавени се и чести летови со приватни авиони од Виена, пренесува бугарскиот дневен весник 24 часа.
Маѓар изјави дека „олигарсите поврзани со Орбан префрлаат десетици милијарди форинти во ОАЕ, САД, Уругвај и други далечни земји“ и повика властите да „ги задржат криминалците“. Тој очекува меѓу оние што ја напуштаат земјата да биде и Лоринц Месарош.
Според него, неколку влијателни семејства веќе ги повлекле децата од училиште и подготвуваат заминување, стравувајќи од можни мерки како замрзнување или конфискација на имот од страна на партијата „Тиса“.
Унгарски медиуми известуваат за префрлање средства кон Дубаи, а извори од Фидес наведуваат дека блиски соработници на Орбан ги пренесуваат активите во Блискиот Исток, Австралија и Сингапур. Паралелно, според Маѓар, во тек е уништување документи во некои министерства поврзани со институции и компании блиски до Фидес.
