| |

Министри од бугарската влада оддадоа почит на жртвите од логорот „Белене“ по повод 77 години од неговото создавање

По повод 77 години од одлуката за создавање на логорот Белене, членови на бугарската влада на 27 април оддадоа почит на жртвите и на сите репресирани кои поминале низ островот Персин, јавува БГНЕС.

По иницијатива на министрите Андреј Јанкулов и Јулијан Попов, беа положени венци и свежо цвеќе на т.н. Втор објект. Почит оддадоа и Емил Дечев, Георги Клисурски и Румјана Б’чварова, како и претставници на локалната власт.

Логорoт е најголемиот и најдолготраен комунистички логор во Бугарија, основан на 27 април 1949 година и постоел со прекини до 1987 година.

Присутните истакнаа дека државата има обврска да ја зачува историската меморија и најавија финализирање на постапката за прогласување на „Белене“ за недвижно културно наследство од национално значење, со цел негово претворање во место на сеќавање и учење.

Слични Објави