|

Украинците објавија снимки од жестоки улични борби за важен град на северот

Украинската гранична стража објави снимка од жестоки борби за стратешки важниот град Вовчанск на североистокот на земјата, во областа Харков.

Борбите за тој град траат веќе една недела, откако руските сили почнаа ненадејна копнена офанзива преку границата. Во него тие зазедоа десетина села во регионот на Харков, но градот Вовчанск, кој беше речиси целосно евакуиран, сè уште се држи.

Русите тврдат дека во градот влегле од два правци за да воспостават позиции, а Украинците тврдат дека ги туркаат назад и го стабилизираат фронтот. Очигледно, најголем дел од борбите се водат во областа Вовчанск.

.

Слични Објави