|

ЕУ: Не ги признаваме референдумите во Украина – тие не се легални

Европската Унија преку својата дипломатска служба ги осуди најавите за референдум во Луганск и Доњецк од страна на руските власти и ги нарече нарушување на суверенитетот на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.     Европската Унија смета дека овие планирани референдуми во областите Доњецк и Луганск се нелегални.

-Тие се спротивни на законски и демократски одбраните украински власти и се нарушување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, и на меѓународното право. Резултатот на овие дејствија ќе бидат неважечки и нема да бидат признаени од страна на ЕУ и нејзините земји членки, соопшти Европската Унија. Според ЕУ, од почетокот на руската инвазија на Украина, бројни украински граѓани биле киднапирани, нелегално уапсени и жртви на тортура, додека друг дел од населението бил протеран, а легално избрани претставници биле насилно заменети.

Пристапот до слободни и независни медиуми е силно ограничен. -Поради ова, овие нелегални “гласови“ не можат да се сметаат, под било кои околности, како слободен израз на волјата на народот кој живее во овие региони под постојана руска воена закана и заплашување, е ставот на ЕУ. Унијата предупредува дека сите политички лидери од Русија инволвирани во најавените референдуми на Донбас ќе се сметаат за одговорни пред меѓународното право и ќе бидат најверојатно предмет на санкции. 

Извор: press24.mk



Слични Објави