Претседателката Јотова ќе учествува во одбележувањето на 150 години од Априлското востание во Панаѓуриште
На 1 мај, бугарската претседателка Илиjaна Јотова ќе го посети Панаѓуриште и ќе земе учество во свечената програма по повод 150 години од Априлското востание, јавуваат од кабинетот на бугарската претседателка.
Во 18:40 часот, пред Историскиот музеј во Панаѓуриште, Јотова ќе биде пречекана од градоначалникот Желјазко Гагов и директорот доц. д-р Атанас Шопов, по што ќе учествува на отворањето на аудио-визуелната инсталација „Панаѓуриште 1876 г. – светилиште на националниот дух!“.
Во костницата на храмот Свето Воведение Богородично, претседателката ќе им оддаде почит на загинатите во востанието, а потоа ќе одржи средба со претставници на локалната власт.
Во 20:30 часот, на плоштадот „20 април“, Јотова ќе го прими почесниот строј на Национална гварда на Бугарија, ќе одржи говор, по што ќе следува почесна стрелба по повод годишнината.

