| |

Софија со раст на туризмот во првиот квартал од 2026 година

Бугарскиот главен град Софија во првиот квартал на 2026 година остварил позитивни резултати во туристичкиот сектор, потврдувајќи ја својата позиција како динамична градска дестинација во регионот.

Во периодот јануари – март 2026 година, градот регистрирал 301.014 посетители, што е за 5% повеќе во однос на истиот период лани. Бројот на ноќевања достигнал 682.864, со раст од 8% на годишно ниво.

Странските туристи сочинуваат 66% од вкупниот број посетители, наспроти 59% една година претходно. Меѓу водечките пазари се Италија, Шпанија, САД, Израел, Турција, Полска, Германија, Велика Британија, Грција и Франција.

Просечниот престој изнесува 2,3 дена, што ја позиционира Софија како атрактивна city break дестинација. Најзастапени се туристите на возраст од 30 до 44 години (33%) и од 45 до 59 години (30%).

Растот се припишува на активностите на Град Софија и ОП „Туризам“ / Visit Sofia, насочени кон меѓународна промоција, маркетинг кампањи и развој на туристичките производи, што ги нуди бугарскиот главен град.



Слични Објави