Јотова пристигна во Ереван за самитот на Европската политичка заедница
Претседателката на Бугарија Илијана Јотова пристигна во Ереван, каде ќе учествува во Осмата средба на врвот на Европската политичка заедница, јавува БНТ.
На аеродромот „Звартноц“ ја пречека заменик-премиерот на Ерменија, Тигран Хачатрјан.
Форумот, на кој ќе учествуваат околу 50 државни и владини раководители, ќе се одржи утре под мотото „Градење на иднината: единство и стабилност во Европа“.
Денеска Јотова ќе се сретне со ерменскиот претседател Вахагн Хачатурјан и премиерот Никол Пашинјан.
