| |

Бугарија со раст на БДП од 2,9 отсто во првиот квартал од 2026 година, втор највисок во ЕУ

Бугарија регистрира раст на БДП од 2,9 отсто во првото трoмесечје од годината во споредба со истиот период во 2025 година, како и раст од 0,7 отсто во однос на претходното трoмесечје. Податоците се совпаѓаат со денеска објавените сезонски прилагодени податоци на Националниот статистички институт (НСИ) на Бугарија, јавува БНТ.

Бугарската економија бележи втор најголем годишен раст меѓу земјите од ЕУ во првото трoмесечје од 2026 година, при што единствено економијата на Кипар се проширува повеќе — за 3 отсто, покажуваат податоците на Евростат. На третата позиција останува Шпанија, чија економија се зголемува за 2,7 отсто.

Во првото трoмесечје годишен пад на БДП забележале единствено Ирска (6,3 отсто) и Романија (1,5 отсто).



Слични Објави