Бугарскиот премиер Румен Радев во посета на Берлин, ќе се сретне со германскиот канцелар Фридрих Мерц
Премиерот Румен Радев во понеделник, на 18 мај, ќе престојува во посета на Берлин, Сојузна Република Германија. Во рамките на посетата, премиерот ќе се сретне со германскиот канцелар Фридрих Мерц, соопштија од прес-службата на бугарската Влада, пренесува БНР.
По официјалната церемонија за пречек на бугарскиот премиер со воени почести во канцеларството, Радев и Мерц ќе одржат разговор „тет-а-тет“. Ќе се одржи и пленарна средба на двете делегации со учество на вицепремиерот и министер за економија, инвестиции и индустрија Александар Пулев и министерката за надворешни работи Велислава Петрова. Во фокусот на разговорите ќе бидат теми од сферата на билатералната соработка, европската политика и меѓународната безбедносна политика.
Германија е првата земја што Румен Радев ја посетува во својство на премиер. Посетата ги потврдува стратешките и пријателски односи меѓу двете земји и претставува израз на желбата на Бугарија да го засили партнерството со Германија како на билатерално ниво, така и во рамките на мултилатералната соработка, особено во рамките на ЕУ и НАТО.

