| |

Јотова и Алиев разговараа за енергетската соработка меѓу Бугарија и Азербејџан

Проширувањето на соработката во енергетскиот сектор меѓу Бугарија и Азербејџан беше главна тема на средбата во Баку меѓу бугарската претседателка Илијана Јотова и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, јавува БТА.

Јотова ја истакна амбицијата на Бугарија да ги зголеми испораките на азербејџански гас за Европа преку интерконекторот Грција–Бугарија. Двајцата лидери разговараа и за иницијативата „Solidarity ring“ за зголемување на извозот на гас од Азербејџан кон Европската Унија, како и за можноста за втор енергетски коридор за пренос на зелена енергија меѓу Азербејџан, Грузија, Турција и Бугарија.

„Тоа се неопходни и сигурни инвестиции во денешниот свет, раздиран од конфликти и несигурност“, изјави Јотова за азербејџанските енергетски инвестиции во Бугарија.

На средбата беа разгледани и културните и образовните врски меѓу двете земји. Претседателот Алиев ја поздрави Бугарија за постигнатата политичка стабилност по изборите и го истакна стратешкото значење на земјата како енергетски партнер и транзитна рута за Европа.

Јотова престојува во Баку по повод учеството на Самитот во рамките на 13-тата сесија на Светскиот урбан форум.



Слични Објави