|

Мицкоски: ЕСМ веќе вложи жалба за одлуката на ОЈО за скандалот со мазутот, се чека Вишото обвинителство

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ЕСМ веќе поднела жалба на одлуката на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со случајот поврзан со мазутот во РЕК и Васко Ковачевски.

На новинарско прашање за следните чекори, Мицкоски рече дека очекува Вишото јавно обвинителство да ги разгледа сите факти.

„Да, ЕСМ поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и очекуваме сега Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи според тоа коешто е содржано во жалбата. Така што еве да почекаме што ќе одлучи Вишото јавно обвинителство, па потоа да коментираме“, рече Мицкоски.

 



Слични Објави