Петков: Во Бугарија нема македонско малцинство, за таа тема не може да се дискутира

//

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска во интервју за бугарската телевизија БТВ изјави дека никогаш тој или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т. нар. македонско малцинство во земјата.

„Не! Никогаш! Нема такво малцинство и за такво малцинство дури не може да се зборува. Треба да го кажам јасно за сите гледачи, по таа тема има целосен консензус, дека за таа тема дури не може да се водат дискусии. Нема смисла некакви групи политичари сега да „вежбаат“ попусто, бидејќи нашата влада, нема да постави таа тема за разговори или за што и да било“, одговори бугарскиот премиер Петков, на прашањето дали бугарската влада разговарала со амбасадатата на САД за признавање на македонско малцинство на територијата на Бугарија.





Претходна статија

Движење Беса: Новата власт е нелегитимна, изградена на пазарење со купопродажба на пратеници

Следна статија

Продолжува 60-та седница со единствена точка на дневен ред – избор на Ковалевски за премиер и нова влада

Најново од Вести