„СРЕЌНА СРЕДА“ ДОНЕСЕ МАЛКУ РАДОСТ НА САМОХРАНА МАЈКА НА ТРИ ДЕЦА
Г-ѓа Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Р. Бугарија во Скопје Ангел Ангелов, во склоп на проектот „Среќна среда“ инициран од самата неа, донираше 16 кг храна на самохрана мајка со три деца. Донацијата е обезбедена од Амбасадата на Р. Бугарија во Скопје.

Г-ѓа Ангелова во својата објава на социјалната мрежа facebook истакна дека секој може да им даде поддршка на тие што имаат потреба од помош.
Таа повика да бидеме добри и да правиме добрини.
