ЗАПОЧНА ЗАПИШУВАЊЕТО НА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ, КОИ САКААТ ДА ЗЕМАТ УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ „ТВОРИЛНИЦА“ НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ЗДРАВЕЈ“ ОД ГРАДОТ СКОПЈЕ
Започна запишувањето на деца и младинци од 7 до 18 години во иницијативите на проектот „Творилница“ финансиран од Бугарската помош за обнова и развој обезбедена од бугарското МНР и реализиран од невладината организација Здружение на граѓани „Здравеј“ Скопје.

Во склоп на проектот се предвидени следните активности:
Детски ликовни клубови за сликарство, графика, скулптура, ликовна уметност, калиграфија, иконографија, графити и улична уметност како средство за социјална комуникација.
Предвидено е формирање на клуб за читатели и писатели , вклучително совладување на вештини за брзо читање и брзо пишување, репродукција на текст од усна и писмена форма, стенографија и креирање на авторски текстови. Ќе се формира и музичко -театарска група која ќе вклучува детски хор, оркестар, театар, музичко и сценско звучно окружување, сценско однесување и импровизација, запознавање со различни музички стилови и други.

Теоретската и практичната обука на децата и младите ќе се спроведува преку примена на ефективни технологии во процесот на учење и стимулирање на креативните вештини на децата.
Запишувањето за учество во активностите во склоп на проектот „Творилница“ се врши преку e-mail адресата: [email protected]. На истата e-mail адреса ќе можете да ги поставите сите ваши прашања поврзани со активностите, коишто ќе се одвиваат во склоп на проектот.
