Во Благоевград се одржа состанок на училиштата-амбасодори на Европскиот парламент
Во Благоевград се одржа регионален состанок на училиштата-амбасадори на Европскиот парламент. На средбата учествуваа ученици од средни училишта од Благоевград, Разлог, Сандански и Радомир.
Учениците избраа интересни интерактивни начини да се претстават себеси, образовните институции, вредностите на Европската Унија и земјите-членки.
„Овие средби се покажаа како особено успешни. Со нив сакаме да ги разбиеме стереотипите во училиштето. Многу е важно, покрај основните знаења што им ги дава училиштето по соодветните предмети, учениците да имаат и малку понапредни знаења за земјата во која живеат и која е членка на Европската Унија, што значи тоа за земјата и за нив како граѓани на оваа земја, но и како граѓани на Европската унија. Учениците на почетокот почнуваат со предрасуди, страв или мислат дека ова е нешто досадно и тешко“, објасни д-р Красимира Василева, претседател на Националната асоцијација на бугарските европски клубови.
Програмата опфаќа дискусија на тема „Ајде да зборуваме за еврото – прашања и одговори“.
Секое од училиштата амбасадори одржа интерактивна активност, на темите: „Зелена Европа“, „Приказна за Европа“, „Нацртајте ја Европа“, „Играј Европа“.
„Целта на регионалните средби е можност учесниците од различни региони во земјата да се запознаат и да соработуваат, а воедно да ги поттикнат настапите на учениците“, прецизираше шефот на Бирото на Европскиот парламент. во Бугарија, Теодор Стојчев, кој го отвори форумот.
Средношколците се горди што се амбасадори на Европскиот парламент.
„Ние сме Средно земјоделско стручно училиште „Климент Аркадиевич Тимирјазев“ и се наоѓаме во градот Сандански. И покрај тоа што нашето фокусот на нашето училиште е насочен кон струките во земјоделието, во истото се изучуваат и голем број други современи струки“, го претстави своето училиште, ученикот Светлозар Цонев од Сандански.
„Тоа е голема одговорност, но исто така е и е многу интересно, бидејќи учиме повеќе за светот во кој живееме. Ваквите настани ни овозможуваат одблиску да видиме како функционираат европските политики, учиме да искажуваме мислења и да комуницираме меѓу себе“, рече Борис Коцаков од СУ „Браќа Каназиреви“ во Разлог.