| |

На 24 март пред 127 години е роден Илија Кушев- велешки војвода на ВМРО и член на студентското друштво „Вардар“

На 24 март 1896 г. во Велес е роден револуционерот Илија Банов Кушев, војвода на ВМРО и член на студентското друштво ВАРДАР.

“Татко ми Бано Мишев Кушев е роден во Велес 1863 г. Уште како учител со основањето на ВМОРО станва член и во последните години како директор на Бугарската гимназија во Велес тој е председател на градскиот комитет на Организацијата. За време на Уриетот тој е представник на Бугарите во градот. Бил член на сојузот на Бугарските конституциони клубови и делегат на основачкиот конгрес.

Поголемиот брат Илија е роден 1896 г. Завршува солунска Бугарска гимназија 1913 г. Уште како ученик тој полага клетва на ВМОРО. Се запишува во военото училиште во Софија 1915 г., назначен е за подпоручник и е испратен на Солунскиот фронт, каде ја поминува целата Прва светска војна. Демобилизиран е со чин капетан. Станва студент по право на Софискиот универзитет и во 1922 г. завршува со одличен успех. По завршувањето на универзитетот тој образува чета и како велешки војвода ја минува границата и ги посетува селата на левиот и десниот брег на Вардар, каде образува селски комитети на ВМРО. Неколку пати влегвал во градот и организирал градски комитет. Се сретнал со месни комунисти, со кои дошол до разбирање да дејствуват заедно против белградската власт. Обиколувајќи ги селата неговата чета често била прогонувана од србската жандармерија но тој вешто се измолкнува од судрувања. Србите објавуват дека дават 50.000 динари награда на тој кој ќе го убие или предаде жив на власта. Четата се состоела од 9 души меѓу кои тројца Турци. Оџата од нивното село Оризари ги убедува нив да го убијат војводата. Поради настапување на зимата четата решава да се извлечи во Бугарија. На 28 ноември четата се наоѓала во една воденица. Брат ми пушта тројца Турци и тројца Бугари да отидат и да се видат со своите блиски пред тргнување. Брат ми останва со двајца. Пред полноќ тројцата Турци се враќат и брат ми ги остава на позиција до идењето на останатите тројца. Брат ми и двајцата четници легнуват да спијат. Откога заспале Турците ги застрелале им ги одрежале главите и веднаш отишле кај оџата, оттаму во жандармерискиот участок и по телефон му сообштуват на околискиот началник во Скопје и во Министерството за внатрешни работи во Белград. Втората тројка кога се прибрала во воденицата ги видела обезглавените трупови и без да се задржуват веднаш по канали се прибрале во Бугарија. Наредното утро еден пајтон, теран од жандарм запре пред гимназијата. Учителот Попович влезе во класот и ми кажа дека заедно со мене ќе направи екскурзија до с. Оризари. Кога пристигнавме во селото, до портата на дворот на участокот видов три обезглавени трупа и едни дисаги со три глави. Кога гледаа во мене и неговата глава Србите видоа дека е тој – Илија, обезглавениот, затоа што ние си личиме многу еден на друг. Така загина велешкиот војвода Илија Кушев на 29 ноември 1922 г.“

ФАМИЛИЈА КУШЕВИ, Михаил Б. Кушев

Слични Објави