| |

МОТОРЏИЈА ПАДНАЛ ОД МОТОР И СЕ ПОВРЕДИЛ

Четириесет и седумгодишниот М.Џ. од Скопје вчера околу 17.20 часот на крстосница од улиците „Босна и Херцеговина“, „Кемал Сејфула“ и „Александар Урдаревски“ додека возел мотоцикл „априлија“ изгубил контрола и паднал на коловозот.

Од падот здобил тешки повреди и бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“.



Слични Објави