| |

БЕССОНИТЕ НОЌИ НА ИВО АНДРИЌ И СНОВИДЕНИЈАТА НА ЛАТАС

Пишува: Владимир Перев

Именно, лицето ЈАКОВ ПАВЛОВИЧ ЛАТАС на ден 26.07.2018 година поднело браање до Агенцијата за б’лгарите в чужбина во Софија, Бугарија да му издаде сертификат дека е лице од б’лгарски произход. Барањето е заведено под број 218072609886 во наведената дата. Но тоа не е се. МАРИЈА ПАВЛОВИЧ ЛАТАС, на ден 30.10.2017 година поднела барање бр. 2017103012950 до истата агенција да и се признае б’лгарски произход. Немојте сам да ми кажете дека ова се сечени и лепени податоци…тие омилени латасовски формулации во случајов не проаѓаат…

Во Македонија веќе стана дегутантно да се читаат натписи за тоа како бугарскиот фашизам не покорил, па како дошле србите/југословените на чело со славната КПЈ/КПМ па не ослободиле, па како сите ние македонците од Македонија сме ослободени а останале оние македонци во Пиринско и Егејско во ропство и слични нешта од кои веќе не боли главата во последниве педесетина години. На крајот сите дискусии завршуваат на општествените мрежи со конечниот слоган за нашата сексуална моќ, олицетворена низ “двете червени“ што сме и ги дале на првата бугарка сретната, ете така, по пат. Со години ни се мантраат истите ликови на “заслужни за нашата слобода“ и оние проскрибираните, ликовите на “предавниците и колаборационистите“ со бугарскиот окупатор. За албанските ослободители никој не говори, а за нивните “колаборационисти“ никој не смее да писне…кажуваат по нешто за Џемо Хаса, ама сето тоа млако и неуверливо, а и споменикот уште му стои…така и треба да биде. И сето ова би било во ред, ама ако некој го спомене Иво Андриќ и неговиот “немирен сон“ за иднината на Македонија, е, тоа веќе не може да се одмолчи. Зошто, тоа ке објасниме подоцна. 

Постојат факти кои не треба да се одмолчат. Вистина е дека бугарската армија ја “окупира“ Македонија, нешто кое евидентно се гледа од наредбите дадени на армиските единици. Исто така е точно дека дека со себе носат определен број администрација и црковни лица. Само што обично се заборава да се каже дека тоа се истите оние лица, или нивните потомци од Вардарска Македонија кои се протерани од своите домови од “ослободителната“ српска армија во периодот 1913-1920 година, поточно оние кои го преживеале колежот на српската солдатеска и паравоени чети низ Македонија. Погрешно е да се каже дека личностите како Васил Хаџикимов, Димитар и Јордан Чкатрови, Спиро Китинчев, Кирил Дрангов, Ѓузелов и други вршеле бугаризација на Македонија. Тоа не е точно, Тие биле и секогаш останале како македонски бугари или бугари од Македонија, а во дадениот момент ја спроведувале својата историска агенда. Реалноста ќе им се одмазди, но останува вистината дека паднале на браникот на сопствената национална кауза…никогаш не се претставиле поинаку…

Споменувањето на “заслугите“ на Светозар Вукмановиќ Темпо во ослободувањето на Македонија е навистина смешно. Тој црногорски насилник има единствена заслуга што го растура ПК на КПМ предводен од Шарло и Перо Тиквар и носи сопствено партиско раководство, верно на нејасниот југословенски идеал, заслужни за денешната, актуелната бездна во која пропаѓа Македонија секојдневно. Ах, да, да не заборавиме, гласовите од темнината говорат дека негова е “заслугата“ за убиството на поетот Коста Рацин на Лопушник…во тоа му помагал и Страхил Гигов. Физичкиот егзекутор на Рацин, Мино Минов(ски), по извршениот чин е унапреден како обезбедување на Кузман Јосифовски Питу. Истиот Мино ја најдува и “безбедната“ куќа во Козле во која се крие Питу, за таму некако “случајно“ да биде откриен и убиен во пресметка со бугарската полиција. Мино Миновски останува жив. Толку за заслугите на Темпо.

Историјата веќе одамна расчистила со заслугите на Панко Брашнаров и Павел Шатев. Брашнаров од бугарски учител станува воденичар, па потоа преминува во коминтерновската ВМРО (Об), го отвора заседанието на Асном, за конечно да заврши на Голи Оток како информбировец и агент на странска служба. Многуславениот пак Павел Шатев од гемиџија станува агент на НКВД и се занимава со тероризам на територијата на Бугарија. Учествува како обвинет во процесот на Никола Јонков Вапцаров, па додека поетот е стрелан, Шатев ја избегнува смртната пресуда. Наводно бил близок со бугарскиот цар Борис, но по 9 септември 1944 година доаѓа во Скопје за да помогне на младата македонска држава. Неговото држење во Македонија и Белград е полно со контроверзи на човек кој го пропуштил историскиот момент да си го разбере своето место во општеството. Умира во Битола, со мизерна смрт недостојна за човек кој се борел за социјалистичките идеали. Груевистите му издигнаа споменик во центарот на Скопје со цел да го помакедончат и за инает на комунистите од времето на Колишевски. Ексамбасадорот и историчарот д-р Јован Донев, во своите разговори со Колишевски, точно лоцира барем една од причините на отстранувањето на Шатев. Со целиот мој анимозитет кон ерата и владеењето на Колишевски и кон неговата личност, по однос на конвертитската личност на Шатев, Лазо постапил исправно. Се надевам дека еден ден д-р Јован Донев ќе ја запише и објави, па макар и анегдотски, својата прва средба со Лазо Колишевски и првото прашање за кое разговарале…

Во Македонија “пискотници се слушаат од Галичник во Река“ околу декларацијата на Европскиот парламнет со која, просто речено, се изедначуваат нацизмот (внимавај, не фашизмот!) со комунизмот. Тоа кај нас никој не сака да го потпише. Нормално, кај нас немало нацизам, нема ни бугарски нацизам,  македонците се наводно комунисти, па кој сакаме да потпише…иста е ситуацијата во Бугарија, ама тие потпишаа, некако се лустрираа и сега земаат она што може да се земе од Европа. Секако, тие се чуварите на југоисточната граница и европјаните за тоа се наполно свесни.

Вака гледано, не знам зошто Иво Андриќ би имал немирен сон. Се имам сретнато само еднаш со него, во моите младешки белградски години. Беше поголемо друштво, седев настрана и го слушав тој неверојатно култивиран, образован и одмерен човек. Беше студен како мраз, без нито еден прекумерен збор…беше целосна спротивност со неговите поетски и романескни дела, преполни со лирика и страсти. Денес го познавам малку подобро. Ми личи на оние македонци со бугарски пасош, кои ем имаат симпатии кон Бугарија, ем тоа се плашат јавно да го кажат во Македонија, додека бугарскиот пасош им е основната самопофалба во странство. Имено, Андриќ на 14 октомври 1912 година во своерачно напишаната молба да биде примен на философскиот вакултет во Загреб, напишал дека е хрват од Босна и дека мајчиниот јазик му е хрватскиот. Пишува поезија на хрватски. Нешто подоцна почнува да се приклонува кон југословенската идеја, за конечно да се припои кон српскиот идентитет и така да го посочува и својот литерарен опус. Типично македонски…Кариеризмот не му е туѓа појава. Прокламираното српство му ја отвора вратата на дипломатијата, па службува речи си низ цела Европа. Во Македонија многу сакаме да кажеме дека “фашистот“ цар Борис го потпишал договорот со Хитлер, за пристапувањето на Бугарија кон силите на Оската, ама некако забораваме да кажеме дека хрватосрбинот Иво Андриќ го потпишува договорот за пристапување на Југославија кон Тројниот пакт на 27 март 1941 година.  И двајцата се потпишуваат во присуство на Хитлер, но треба да се знае дека Андриќ и Хитлер се блиски пријатели, Андриќ редовно гостува во вилите на Хитлер, додека цар Борис пред Хитлер е обвинуван за симпатии кон СССР. “Фашистот“ Борис умира под сомнителни околности по средбата со Хитлер, додека Иво Андриќ живее во Белград, несметан од никого, без никакви проблеми. Веројатно имал и некаков друг “пасош“, вообичаена појава на Балканот. Некој силен им наредил на страшните германски гестапа и абвери да го остават на мира “нивниот“ човек, додека српските интелектуалци и патриоти гниеле и биле стрелани во логорот на Бањица. Во тоа време Андриќ одново прави напори да се прешалтува на национален план. Сака да се пресели во Загреб и своите услуги во дипломатскта служба ги нуди на НДХ. Павелиќ е согласен, но ситуацијата на фронтовите се менува и Андриќ ја чека во Белград разврската. Иначе, НДХ го прифаќа Андриќ најмногу заради неговиот Елаборат за Албанија, напишан 1939 година, затоа што она што Андриќ го предлагал, совршено се вклопувало во расистичките теории кои тогаш биле во мода во некои земји во Европа, посебно во Хитлерова Германија, чиј што поклоник Андриќ бил…толку за неговиот човечки лик. Иначе, Андриќ никогаш не се оженил. Живеел во тројна врска со костимографката на белградското Народно позориште и со нејзиниот маж, кој исто така бил човек од театарот. Секаде каде службувал, со себе си ја водел љубовницата и нејзиниот маж, на кого му наоѓал работа во амбасадите каде работел. Тројцата никогаш не се разделуваат, остануваат верни до смртта…

Немирниот сон, за што пишува Латас,  Иво Андриќ можел да го сподели само со писателот и прекрасниот творец Енвер Чолаковиќ. Со кого друг, кој можел да го разбере освен несреќниот Енвер, кој бил аташе за култура на НДХ на Анте Павелиќ во Будимпешта, кај Хорти, се до последните денови на нацизмот. Преживува и твори под псевдоними, секогаш под контрола на полицијата. Неговата судбина е многу понеблагопријатна од Андриќевата.

Сновиденијата на Драган Павловиќ Латас за фашистите во Македонија, за “бугарите предавници и србите ослободители“ на чело со неговиот Стоиљковиќ се само недоветно булазнење на персона обземена со својата недопирливост, толку нежно одгајувана во сите режими по 1990 година. Корумпираната министерка Гоца Бесни Брк, која сега изигрува грижлива мајка на своето дете (што секако е за пофалба), му издаде сертификат дека не е никаков агент на никаква домашна или странска служба, за со тоа тој бесрамно да се фотографира и фали по медиите…единствено тој прв од новинарите. Познавам луѓе кои имаат барем по три такви сертификати од странски служби и еден куп подароци, па со тоа никаде не се пофалиле…“будала се фали со тоа од што паметен се срами“. Не е можно Гоца да не знаела за далаверите околу “Балкан стил“ и продажбата на “Полуконти“ и “Ладна валалница“. Главниот менаџер на таа зделка беше Горан Томиќ, син на српскиот вицепремиер Драган Томиќ. Единствената нивна работа беше да ги продадат залихите, парите да ги префрлат на Кипар, а потоа да си заминат. Дел од парите беа насочени кон финансирање на српската разузнавачка служба во Македонија, а дејноста на “железарците“, т.е. перењето пари,  беше секојдневно протежирана од Тв “Сител“ и од Латас. Потоа, некој ќе ми мавта пред нос со сертификатите од македонската полиција, криминализирана во сржта на своето постоење и преполна со агенти на странски служби…тоа барем го знам одлично!

Спие ли Латас мирно, има ли Латас српски пасош, има ли агент за врска со српската разузнавачка служба? Одговорите сигурно ќе бидат негативни, но барем дали има српски пасош. Тоа би било нормално и прифатливо. Проблем е бугарскиот пасош и целиот комплекс на бугарско – македонски односи, кои Белград се труди да ги држи под контрола. Но, бугарскиот етнички и културолошки код е длабоко вграден во македонската почва, од тој код не можат да побегнат ниту оние кои се природени во оваа земја, кои најмалку се чувствуваат како бугари. Сепак, кодот е посилен…

Именно, лицето ЈАКОВ ПАВЛОВИЧ ЛАТАС на ден 26.07.2018 година поднело браање до Агенцијата за б’лгарите в чужбина во Софија, Бугарија да му издаде сертификат дека е лице од б’лгарски произход. Барањето е заведено под број 218072609886 во наведената дата. Но тоа не е се. МАРИЈА ПАВЛОВИЧ ЛАТАС, на ден 30.10.2017 година поднела барање бр. 2017103012950 до истата агенција да и се признае б’лгарски произход.  Немојте сам да ми кажете дека ова се сечени и лепени податоци…тие омилени латасовски формулации во случајов не проаѓаат…

Каде сме сега. Добро, да кажеме дека бугарите со „оган и меч“, во услови на окупација (омилен термин на македонците) не терале да се бугаризираме, што сега не тера да го правиме тоа. Пасош за патување или работа во странство. Тоа е смешно да се каже, барем за овие две персони.

Обземеноста на Латас со мирниот сон на Иво Андриќ е фиксација со карактерот на дипломатот и писател, кој останал негибнат после сите подлости направени во неговиот живот. Латас не е Андриќ и нему нема да му прости историјата, туку тој е веќе поставен на столбот на срамот. Да живееш со пишување против Бугарија и бугарите, да ја величиш Србија после сите злосторства што ги направија по 1990 година, а патем твоите да бараат  бугарски пасош е човечка подлост од невидени размери, отсуство на секаков морал во начинот на опстојување. Згрешила Шекеринска за Стоиљковиќ, требало Латас да го испрати некаде, кај неговите. Стоиљковиќ е само несреќна последица на латасовците во нашето општество, на подлите македонци и прикриените и недостоинствените бугари. Во Софија имаат право, нам ни треба нова лустрација, не онаа која ќе не поврзе со некакви тајни служби, туку онаа која ќе ги процени нашите човечки квалитети…

Слични Објави