| |

Во бугарската НАТФИЗ „Крсто Сарафов“ почна актерската работилница на Институтот „Ли Стразберг“

На 20 јули во Националната академија за театарска и филмска уметност (НАТФИЗ) „Крсто Сарафов“ во Софија почна четвртото издание на актерската работилница на светски познатиот Институт за театар и филм „Ли Стразберг“, јавува Актуално.

Шестдневната обука, која ќе трае до 25 јули, ја водат Алани Илонгве и Дејвид Ли Стразберг, син на Ли Стразберг и директор на институтот во Лос Анџелес. Учесниците се запознаваат со актерскиот „Метод“ на Стразберг и ќе следат онлајн мастер-клас со кастинг директорката Дана Теодоратос.

Завршниот јавен мастер-клас ќе се одржи на 25 јули во 17 часот на „Сцена 47“ во НАТФИЗ, каде што актерите ќе ги претстават подготвените сцени. Влезот е бесплатен, со препорачана претходна регистрација.

На крајот ќе биде објавен добитникот на стипендија за едногодишно школување во Институтот „Ли Стразберг“ во Лос Анџелес. Организатор е актерката Кристина Верославова, а проектот е поддржан од програмата „Култура“ на Софија, во партнерство со НАТФИЗ.



Слични Објави