| |

Големиот Васил Михајлов наполни 85 години

Големиот бугарски актер Васил Михајлов вчера наполни 85 години. Тој е родум од Стара Загора. Во својата повеќе од 50-годишна творечка кариера има над 230 улоги во театар, филм и телевизија.

Неговиот род Чинарови потекнува од Одринска Тракиja. Родното место на неговиот дедо Никола Чинаров е селото Мараш, близу до Одрин. За време на војните, луѓето од тој регион често бегале на север и повторно се враќале. За време на едно такво бегство, неговиот татко останал во Стара Загора. Тогаш почнал да се именува по својот дедо – Михајлов.

„Не е важно тоа што сме мала земја, бугарската душа е голема! Доволно е да чуеш како се пее во Тракија, како се пее во Добруџа, како се пее во северозападна Бугарија, како се пее во Банско… Толку многу душа има Бугарија“, вели Васил Михајлов за списанието „ЛИК“ по повод 30-годишнината од доделувањето на наградите „Аскеер“ (2021 година).

„Моето презиме е Чинаров. Татко ми е од Одринско, а имаше тринаесет браќа и сестри. Не случајно ја толкував улогата на капетанот Петко војвода“, вели тој во интервјуто со доц. Георги Лозанов.

„Мојата прва улога беше во комедија кога бев ученик во гимназијата во Стара Загора. Со таа „болест“ не заразија нашите учители по литература и артистите од театарот. Веднаш по војната и таканаречениот Ден на слободата – 9 Септтември, во маалскиот клуб имаше претстави. Немаше телевизија, имаше радио станици“, раскажува актерот.

Михаjлов стекна голема популарност и стана миленик на бугарската публика поради улогата на капетанот Петко војвода во истоимениот сериски филм во 12 епизоди. Филмот на Неделчо Чернев по сценарио на Николај Хајтов премиерно беше прикажан во 1981 година. За време на турнејата на актерската екипа низ земјата, актерот го пречекувале како национален херој со леб и сол. Васил Михајлов и раскажувал на публиката како на снимањата носел по 40 килограми опрема и со какви повреди се здобил. Оттогаш почнала неговата страст за собирање ножеви.

Васил Михајлов е бугарскиот актер со најмногу награди. Една од нив е наградата „Аскеер“.

На 13 април 2018 година го доби големото одликување „Аскеер“ за целосен придонес во театарската уметност, на 16 октомври е награден со почесен знак „За придонес кон Министерството за одбрана“, а на 14 ноември истата година ја доби државната награда „ Св. Паисиј Хилендарски“. На 10 јули 2019 година, на церемонија во свечената сала во Претседателството, Васил Михајлов беше одликуван со Орденот „Стара Планина“ (прв степен) – за исклучително големи заслуги во областа на културата и уметноста.

По тој повод вели: „Веќе 20 години добивам признанија во вид на награди и тоа многу ги радува моите синови и внуци. Бидејќи, знаете ли, веќе ја преболев и радоста и болката од многу нешта. Но, убаво е што овој орден ме прави херој во очите на моите внуци“.



Слични Објави