ЈАВЕН ПОВИК ЗА УМЕТНИЧКИ КОНЦЕПТИ ЗА „БЕЛА НОЌ 2020“

По повод 16-тата „Бела ноќ 2020“, која ќе се оддржи на 26. септември, ЈУ Универзална сала – Скопје и Град Скопје, распишуваат Јавен повик за доставување на предлог концепти од областа на сите видови на уметност во рамки на оваа културна манифестација на Градот Скопје.

Годинава, како и на секоја „Бела ноќ“, ќе бидат опфатени следниве области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип) , применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации), музика, филм и јавна уметност урбани изведби и перформанси.

Селекцијата на уметниците ќе биде направена од страна на организаторите. Учесниците ќе бидат селектирани врз основ на поднесените апликации. Квалитет, иновација и карактер во опсег на предложениот концепт, се главните критериуми при селекцијата на уметниците и нивните дела. Додатно, дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники.

Предлог концептите треба да бидат адаптирани за на отворено и истите да бидат во согласност со мерките за заштита од пандемијата предизвикана од Ковид-19 .

Сите заинтересирани за учество треба да достават апликација со следниве документи:

  • Кратка биографија
  • Опис на проектот, учесници
  • финансиска конструкција на проектот

Апликациите треба да бидат испратени најдоцна до 15.09.2020 година, на следнава адреса:

ЈУ Универзална сала Скопје, со назнака (ЗА БЕЛА НОЌ 2020),

Бул. Партизански одреди бр. 45   1000 Скопје, Македонија

или по пат на електронска пошта на: [email protected]