БЕСЕН СУМ, ФРЛЕТЕ КАМЕН ПО МЕНЕ, НО НЕ ПОМИНУВАЈТЕ НА „ДВЕ ПУНИ“

Не е крива судијката, криви сме ние што ништо не превземаме да го смениме фактот, што после признавање вина, убиец може да добие условна казна затвор.

loading...

На „две пуни“ можат да поминат сите, но малку се оние кои после вакво поминување ќе убијат млад човек и неговото неродено дете и потоа ќе добијат „условна“.

Чичето со џипот не ни бил присутен во судница, кога за пример на сите пајташи на четири тркала добил „васпитно тегнење за уши“ и она „немој веќе вака да правиш“, се разбира не буквално.

Ќе направи! Истата гадост, предизвикана од она чувство: „никој ништо не ми може“ ќе ја направат и други, а можеби и тие ќе се протнат низ капките на македонскиот правосуден златен дожд. Така му доаѓа, колку и уличарски и за пред кооперација да ви звучи муабетот.

Ако некој убил откако извршил прекршок во свесна состојба, помине со условна, зошто некој друг да не го направи истото надевајќи се дека после ќе помине со лесно?

Тоа само за директори и чорбаџии ли важи? Ги прашувам надлежните? Ако е само за нив, тогаш не ни останува ништо друго освен сите да се спакуваме и да фатиме магла од овде, откако ќе пројде срањето со короната.

Чорбаџиите и директорите смеат да газат преку „две пуни“, цела среќа е што тие се мал број на луѓе. Муабетот му иде, како бисерот што го тресна онаа карикатура од пратеник Мира Дизел, кога рече дека покачувањето на цената на горивата немало да ги погоди граѓаните пошо немале сите коли.

Чив човек е чичето со џипот? Мора да е некој што има грб инаку немаше да помине така. Се шпекулира дека ова не му е прва сообраќајна несреќа и дека и друг пат изигравал каубој на патот.

Ќе идеме на старата изрека „секое чудо за три дена“ нели?

Отепал директорот чорбаџија некаков љангач на мотор, девојка му со дете во стомак едвај преживеала и го изгубила детето. Голем кур нели? Големиот кур со се изварката по него е во нашите усти, затоа не ни останува ништо друго освен во јад и бес да пишуваме. Онака уличарски во написи и во кратки викови од немоќ на социјалните мрежи.



loading...

Законите треба да се сменат, а од пупката што Заев ја пупкосуваше на тв, треба да се исчисти сиот гној инаку утре и некој друг ќе си помисли дека убиството на две живи суштества е нешто небитно.

Добивме уште едно мочање во фаца, се плашам дека веќе се навикнавме.

Направете еден список кој смее и кој не смее да убива на булевар без последици. Направете го и објавете го на интернет, да знаеме сите кои сме што сме и до каде сме.

Вклучете ги сите членови на угледни фамилии, за да бидете начисто со нас рајата дека еден ден некој наш близок или самите ние ќе станеме жртва на некој мангуп, кој знае дека луѓето што му го чуваат гзот од непосакувани посети во затвор, ќе се погрижат да  помине само со опомена.

Ќе се освестиме ли некогаш…?

Бесен сум и непрофесионален, фрлете го првиот камен, но немојте да преминувате со колите на „две пуни“, оти е можно да убиете некого. Толку!

Автор: Атанас Величков