МАГАРЕТО И НИЕ

Магарето и ние. Денови македонските медиуми се полни со наслови „магарешко сирење“, „тренирање магариња“ и слични потсмешливи написи во врска со случај за делба европски пари за таа намена. Ние нема да го коментираме случајот, ниту да се впуштаме во наша сопствена истрага. Овде ќе укажеме на површноста со која се гледа на користа од одгледување на магарињата, однонсно на магариците.

Во Македонија, со самото намалување на земјоделските активности и на исфрлањето од „употреба“ на магарешката работна сила, борјот на магариња е намален, речиси доведен до редок вид животно. Нека се пофали некој дека видел магаре во живо, особено децата родени во градовите. Но, одгледувањето магариња и магарици на некои паметни земјоделско/сточарски краеви им носи голема финансиска корист.

 Магарешкото сирење – најскапо

Пример за тоа колку треба да се цени магарето можеме да го видиме во соседна Србија. Најскапото магарешко сирење на светот се произведува во Засавица и чини 1.000 евра килограм. Засавица е место на околу 50 километри од Белград. На фармата има околу 150 магариња, а првото е произведено пред 10-тина години.

Еден литар магарешко млеко се продава по цена од 40 евра, има лековити својства и е особено корисно за децата што  имаат проблеми со дишењето.

Во Засавица, целиот процес на правење сирење оди рачно, а за да се добие килограм магарешко сирење, потребни се 25 литри свежо млеко. Една магарица може да даде само 0,2 литри млеко на ден. Затоа ова сирење е толку скапо.

И познатата Клеопатра, последниот фараон на антички Египет, според легендата, користела млеко од магаре за да ја задржи убавината.

Србите се познати во светот како големи гурмани. Секое добро предјадење значи добро сирење, а сирењето од магарешко млеко е нешто што може да се оцени со суперлатив во вкусовите.

Српското магарешко сирење речиси го исфрли шведското сирење кое спаѓа во оваа класа, кое чини 850 евра за килограм, од списокот на најскапи сирења. Исто така и сирењето од редок вид крава од Италија, која произведува млеко само во текот на мај и јуни.

Србија на прво место на гастрономската мапа на светот

Замислете само колку е тешко да се молзе магарица.

Магарешкото млеко содржи 60 пати повеќе витамин Ц од  кравјото. Содржи бројни антиалергенси и има мал процент  млечни маснотии, па магарешкото сирење е многу поздраво за консумирање од другите видови сирење.

Магарицата „произведува“ млеко само додека ги дои своите млади, а тоа е еднаш годишно. Магарицата е бремена дури една година и 15 дена, така што нема лактација во тој период. Ова е уште еден „аргумент“ за високата цена на магарешкото сирење.

Своевремено тим на Би-Би-Си има направено емисија за ова сирење, за неговото производство и го има наведено како едно од најквалитетните и најскапите сирења во светот, а многу светски магазини пишуваа за тоа. По ова емисија се шпекулираше дека килограм од ова српско сирење е продаден во Лас Вегас за неверојатни 3.000 долари.

Нема сомнение дека ова сирење е вистинска иновација што ја стави Србија на прво место на гастрономската мапа на светот по производство на овој млечен производ.

 Магарешко млеко

Магарешкото млеко го ценеле и со задоволство го пиеле античките народи. Еве 15 факти кои зборуваат за квалитетот на млекото.

  1. Старите Римјани сметале дека магарешкото млеко е многу луксузен пијалок.
  2. Магарешкото млеко содржи 60 пати повеќе витамин Ц отколку кравјото.
  3. Клеопатра се капела во млеко од магаре за да ја зачува убавината на нејзината кожа.
  4. Магарето може да произведе максимум 40 литри млеко за време на лактацијата за две години.
  5. Магарешкото млеко е исклучително слично по состав со човечко или мајчино.
  6. За разлика од повеќето други видови млеко, магарето не содржи  бактерии штетни за здравјето на новороденчето.
  7. Магарешкото млеко има најмал процент на млечна маст од сите видови млеко.
  8. Поради високото ниво на ензими, магарешкото млеко се смета за природен антибиотик. Затоа се препорачува во борбата против бактериски инфекции во организмот, последиците од труење и во лекувањето на кожни болести.
  9. Исто така се препорачува за пациенти под хемотерапија, за болести на белите дробови, астма, бронхитис и за сува кашлица.
  10. Хипократ, исто така, рекол дека магарешкото млеко има ревитализирачки ефект врз целиот организам и го зајакнува имунитетот, како и против хроничниот замор.
  11. Магарешкото млеко може да се пие свежо, без пастеризација.
  12. Најдобрите козметички препарати, сапуни и креми за лице се направени од млеко од магаре.
  13. Во моментов, магарешкото млеко на пазарот има цена од 40 до 50 евра за литар.
  14. Магарешкото млеко се користи и како афродизијак.

Магарешко месо

Месото од магаре не е доволно познато, па затоа и го нема во продажба. Познато е дека само во Војводина и во ниту еден друг дел од Србија и во поширокиот регион, своевремено, за време на колењето свињи, колбасите се правеле од магарешко месо, но се мешале со свинско. Причината за тоа е што месото од магаре е сосема посно и ако не е промешано со свинско, тешко може да се јаде.

Магарешкото има вкус на телешко месо, не е кисело како коњско месо, иако магарињата припаѓаат на семејството коњи. Луѓето никогаш не биле особено заинтересирани за месо од магаре, бидејќи никој не чувал фарма на магариња  за колење. Никој никогаш немал десет магариња. Селаните имале стадо овци и едно магаре или магарица.

Во Засавица веќе неколку години се оддржува манифеставијата „Денот на магарето“, на која, освен другите содржини, се промовираат магарешки гастрономски деликатеси – млеко и производи од него и месо од магаре, делумно се натпреваруваат дваесетина тимови во правење магарешки чорби.

Е па сега, дали и на Македонија и требат проекти за развој на вакви примери или магарето ќе го оставиме да исчезне од територијата на земјата и неговото име ќе го користиме само за потсмев и со алузија на должината на „стапот“ со кој некој треба да не удри по глава за да ни текне нешто и ние да работиме.

Автор: Бране Стефановски/ Анторис Магазин