Бугарската државна железница не учествувала во депортацијата на Евреите од Македонија
Пишува: Силвиja Авдала, Израел
Новооткриени документи во Централниот архив на Хесија во Визбаден ставaaт крај на спорот „со чии возови биле транспортирани македонските Евреи“. Истражувачи од Институтот за историски истражувања кон БАН и Независното историско друштво ги открија распоредите за испраќање на возовите што минувале низ станиците Треблинка и Малкинија во периодот март-април 1943 година. Сите возови, без исклучок, припаѓаат на Дојче Рајхсбан – германските државни железници.

Експедицијата во Визбаден е дел од проектот „Бугарското учество во Втората светска војна, спасувањето на бугарските Евреи и холокаустот на Балканот, рефлектирано во судските процеси за злосторства против човештвото“ на БАН.

Распоредите се дел од доказниот материјал за случајот „Бекерле и Хан“ од 1967-68 година во Франкфурт на Мајн, против поранешниот германски амбасадор во Софија Адолф Хајнц Бекерле и секретарот на легацијата – логистички организатор на депортацијата – Фриц фон Хан. Користењето на германските возови за таа цел го потврдува и битолчанецот Јозеф Камхи, сведок на судењето, Ричард Глазар – чешки Евреин кој го распоредувал багажот на новодојдените во логорот, а исто така и германското обезбедување на вагоните, кои исто така дале исказ како сведоци.

Во судскиот предмет е приложена фотографија од запечатените вагони, на кои јасно се гледа логото на Дојче Рајхсбан.
Новооткриените докази конечно ќе бидат причина бугарските власти да побараат од Скопје да изврши промена на поставката во Музејот на холокаустот, чиј главен експонат е вагон со логото на БДЗ. Изложбата одамна предизвикува збунетост кај речиси секој посетител со обидите вината за депортацијата да се препише исклучиво на Бугарија, без да се земе предвид дека суверен на овие земји до крајот на војната била Германија, која била и единствениот иницијатор на депортацијата. Нешто што е очигледно, кога ќе се погледнат документите за случаите „Бекерле“ и фон Хан“.