| |

Бугарија ја потсети Словачка: Напредокот на Северна Македонија кон ЕУ зависи само од нејзините заслуги

Бугарија ја потсети Словачка дека напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ зависи исклучиво од сопствените заслуги во процесот на исполнување на утврдените критериуми и постигнатите договори, јавува БГНЕС.

Амбасадорот на Словачката Република во Софија, Васил Гривна, беше повикан на средба во Министерството за надворешни работи во врска со ставот на претседателот Петер Пелегрини, изразен за време на неговата посета на Северна Македонија и дадените „неприфатливи оценки“ за процесот на европска интеграција на земјата.

Генералниот директор за европски прашања, Јордан Прванов, ја изрази позицијата на Бугарија пред дипломатот. „Изразуваме длабоко зачудување од ставовите на претседателот Пелегрини, со кои всушност се доведува во прашање валидноста на Европскиот консензус од јули 2022 година, прифатен од сите земји членки на ЕУ, вклучително и Словачка.
Софија е длабоко разочарана што токму партнерска земја си дозволува да охрабрува контрапродуктивна реторика на владата на Република Северна Македонија, која упорно бара виновник за недостатокот на напредок во процесот на европска интеграција“.

Прванов нагласи дека „таквиот став не е во интерес ниту на стратешката визија на ЕУ за регионот, ниту на граѓаните на оваа земја кандидат“.



Слични Објави